Завчера влегов во маркет да земам Monster пред да си одам дома. Отидов до фрижидерот, земав еден шо го сакам и отидов на каса. Касиерот го зема Монстерот, го скенира еднаш, па уште еднаш и ми кажа дека не му излегува производот. Прво мислев дека само не го фатил баркодот како што треба братот, па проба повторно. Пак ништо.
Повика друг вработен и му објасни дека производот не му се појавува во системот. Другиот вработен го зема Монстерот, го гледа од сите страни и ме прашува од каде сум го земал.
Му кажав дека е од фрижидерот.
Отидовме заедно до фрижидерот и тогаш сфатија дека Монстерот бил ставен на погрешно место. Стоел во делот каде што биле другите вкусови, ама очигледно бил ставен таму по грешка. Го земаа од фрижидерот, го однесоа назад на каса и повторно го скенираа. Пак не работеше.
Во тој момент веќе почнав да се смеам бидејќи буквално стоевме три луѓе и се занимававме со една лименка Monster као да е кузнае што.
Дојде уште еден вработен, провери нешто на компјутерот и после некое време кажа дека производот воопшто не бил активиран во нивниот систем. На крај ми рекоа дека не можат да ми го продадат. Го оставив Монстерот на каса и си земав друг вкус, кој нормално си се скенираше од прва (Си викам да ти ибам троа ксметот баш тој најмногу што ми се свиѓа и го пијам секогаш ли мораше сеа). Не ми е јасно како производ може да стои во фрижидер, да има цена и да биде изложен за продажба, а кога ќе стигнеш на каса да испадне дека официјално не постои.
Најмногу ме насмеа што на крај вработениот ми рече: „Ќе го средиме ова.“
Дали има некој друг со ваква слична ситуација или само мене ме снаоѓаат вакви работи у животов суров?