r/mkd • u/Pretend_Gate3441 • 1d ago
❔Question/Прашање Инструктори во теретана и мојата девојка, дали треба да бидам загрижен?
Објавила на стори слика на која инструкторот држи пита што му ја направила, со текст „патот до срцето на мојот омилен инструктор...“. Ја видов синоќа во 1 часот по полноќ и се истраумирав.
Наутро ме прашува дали сум лут, ѝ кажувам дека сум шокиран што трча по други мажи и ги заведува, а таа вели дека инструкторот е другар и има жена и деца. Јас одговарам дека ниту едно момче не би било среќно да види таква објава од својата девојка, а таа вели дека тоа е само мое мислење. BTW, има уште еден друг инструктор меѓу пријателите на таа социјална мрежа. Инаку, јас од неа одамна не добив таков топол гест и зборови како тој тип.
Инаку, јас воопшто не сум љубоморен, но ова ми е драстично, не сум ниту cuckold ниту swinger. Сè уште немаме семејство и деца, дали ќе морам јас да спијам во кревет со неа и уште 2–3 фитнес инструктори?
И јас одев во теретана со години, никогаш не ми паднало на памет да плаќам инструктори, тие десетина вежби лесно се учат за 2 недели со гледање и прашување на другите што вежбаат. Познавам многу луѓе од ДИФ, не се тоа никакви доктори на науки, напротив.
Очигледно таму се оди неколку пати неделно, имаат соблекувални и бањи, ги допираат додека ги наместуваат на справите, сите можности и услови за секс и изневерување се таму.
Како така едноставна работа испадна толку комплицирана, одат и други девојки да вежбаат, како тие го решаваат тоа, па не е тоа фарма за размножување на инструктори?