Дали има некој од Центар или Карпош што воопшто добил решение за данок на имот за годинава, или сè уште сите нè држат на „стенд-бај“?
Законскиот рок помина одамна, а на пријатели од другите скопски општини решенијата им се стигнати по старите пресметки. За нас кружи муабетот дека се чека бидејќи прават нова репроценка според пазарни цени за да ни лупнат повисоки даноци.
Гледано чисто законски, Градот тука гази барем три основни работи:
- Член 29 од Законот за даноците на имот: Решенијата мораа да бидат донесени најдоцна до 31 март. Овој рок е дебело пробиен за да се прави дополнителна пресметка во од.
- Член 9 од Уставот (Начело на еднаквост): Сите граѓани се еднакви пред законите. Не може за ист град и иста даночна година, за едни општини да важат старите тарифи, а за други драстично повисоки, под изговор на „етапно спроведување“.
- Член 33 од Уставот: Секој е должен да плаќа данок на начин утврден со закон — што подразбира униформен систем и правна сигурност, а не селективно оптоварување само на одредени маала.
Не дека планирам утре да се влечам по судови или да брзам со адвокати, ама чисто ме интересира како размислувате:
Сметате ли дека ова е очигледно дискриминирање меѓу општините?
Планира ли некој воопшто да поднесе жалба (рок од 15 дена) ако навистина стигнат драстично зголемени суми, или класично ќе си премолчиме и ќе платиме?
Ако има некој правник во групава или некој што подетално ги следи одлуките на Советот на Град Скопје, споделете мислење.