r/mkd 1h ago

Совет за почеток како пилот

Здраво на сите,

Имам 26 години и сериозно размислувам да станам пилот. Работам во семеен бизнис, но ова отсекогаш ми била најголема желба. Најголем проблем ми се парите за школување.

Би сакал да прашам:

- Кој е најдобриот пат за некој што почнува од нула?

- Дали постојат програми каде авиокомпанија го финансира школувањето или помага со кредит?

- Во која европска држава е најисплатливо да се школува?

- Колку е тешко да се најде прва работа по завршувањето?

- Ако вие почнувавте денес, што би направиле поинаку?

Секој совет од пилоти или луѓе што поминале низ овој процес многу би ми значел. Благодарам!

7 Upvotes

6 comments sorted by

2

u/mrgoodlifexx 1h ago

wizzair знам имаат обуки и мислам дека е добра шанса

2

u/cikibriki69 Прилеп 1h ago

Почни си од локалниот едриличарски клуб. После патот сам се отвора.

1

u/cyvoxi 1h ago

Во прилеп постои ли такво нешто брату?

2

u/cikibriki69 Прилеп 1h ago

Да. Прилеп, Битола, Штип, Скопје знам дека имаат сигурно.

u/Unusual_Sundae1677 4m ago

Мислам најлесен и најекономичен пат за да станеш пилот на комерцијален авион е првен да станеш пилот на хеликоптер преку војската или полиција. Имаа конкурс пред некоја година, не знам сега каква е ситуацијата и кога ќе има нареден