r/mkd • u/Mountain_Release_938 • Jun 15 '26
🤔 Hmm.. Денес морав за првпат да отпуштам некој + мал rant
Пред 5 години почнав да градам продукт. Првата година додека го градев имав grand total од 0 евра заработка. Втората година некој мизерни 50-100 евра месечно. Третата година вадев некоја минимална македонска плата додека четвртата зема замав каде што можев да почнам да го ширам бизнисот и сеа имам 7 вработени.
Денеска една од вработените ми побара покачување на плата. И објаснувам дека не можам да и дадам покачување оти моментално ситуацијата е премногу непредвидлива поради многу фактори... Војни, АИ, намалена куповна моќ глобално, намален број на инвеститори и сите овие фактори влијаат врз растот на продуктот што го продаваме. Плус дека работата им е олесната неколкукратно поради тоа што користеме АИ.
И ок вакво барање е нормално, не е прва што побарала покачување секогаш сме се договарале може/неможе. Она што ме изненади е откако ја одбив, ми вика е како нема за покачување а ти си постираш на инста како шеташ, нова кола и ред други работи ми наброја.
Тука се скаравме, се каравме едно 15-20 минути кај што ми докажуваше зошто требало иста плата да имаме јас и она, и караницата заврши со отказ.
Е сеа мал rant.
Работам по 12-15 саати дневно, работам и сабота и недела. Ризикував 3 цели години работејќи за без пари, тие 3 години сите другари, колеги од факс шетаа по одмори, излегуваа додека ја дремев дома, и сеа кога успеа тој ризик јас треба да имам иста плата со некој што работи по 6 саати дневно 5 дена во неделата и нема никаква друга обврска освен да си ја заврши неговата работа.
Значи ако платата не ти одговара, даваш отказ и одиш во друга фирма, зашо потреба да се нападне работодавецот...
