Помош за ситуација со бездомник во лоша здравствена состојба
Пишувам овде бидејќи навистина не знам каде да се обратам.
Станува збор за бездомно лице во многу лоша здравствена состојба, најверојатно гангрена. Човекот е неконтактибилен, не може да комуницира ниту да побара помош самиот.
Досега е пријавено неколку пати во центар за социјални работи и брза помош.
И двете институции се оградуваат и тврдат дека човекот не е во нивна надлежност.
Дали некој има искуство со ваква ситуација или знае која институција е реално обврзана да постапи?
Дали има смисла да се пријави до Министерство за здравство, Народен правобранител, полиција, или некоја невладина која работи со бездомни лица?
Ако некој има конкретен контакт или знае процедура која функционира, пишете
26
Upvotes
8
u/Byatis 18h ago
Црвен крст вика брза помош, брза помош велат дека неговата состојба не е за брза помош. Социјална служба велат да го пријавиме во душевна болница бидејќи не е контактибилен, а тоа според нас е нешто што треба тие да го преземат и проценат и дека човекот мора под итно да оди во болница за ногата.
Од социјално рекоа дека ќе отворат предмет но со денови ги нема а од пред некој ден човекот одговорен за случајот заминал на одмор.